Anabella станува FABUspot – Иста локација, нова Beauty приказна
Вашето омилено место за разубавување, од денес со ново име – FABUspot!
Нова Beauty авантура, со стариот добро познат квалитет, бидејќи вашето задоволство и насмевка се најважен поттик и инспирација!
Токму затоа, оваа недела во FABUspot (Скопје City Mall и хотел Мериот) ве очекуваат многу изненадувања и 20% попуст на поголемиот дел од асортиманот (01.07 – 04.07). Покрај досегашните брендови од категоријата на парфеми, шминки и нега на кожа, меѓу кои и ексклузивните La Mer, Bobbi Brown и Tom Ford,во FABUspot отсега можете да ги најдете и производите на брендот Origins.
Зад FABUspot, познато како Anabella Beauty Spot, стои ORBICO, компанија која го создаде овој проект како резултат од љубовта и трудот на нивните инсајдери кои имаа за цел да креираат место каде сите љубители на козметика што сакаат да ја истражуваат убавината, да го сторат тоа во чекор со најновите трендови. Целта останува иста, сите ние да се чувствуваме удобно, пријатно и привлечно во својата кожа!
Ова лето, Anabella Beauty Spot се ребрендира во FABUspot, истото луксузно beauty место во Скопје кое нуди голем избор на брендови и производи. Тука, ќе можете да откриете многу повеќе за светот на убавината со помош на вашите лични FABU шопинг асистенти кои воедно се и консултанти од врендовите и ќе ве упатат во вистинска насока при изборот на посакуваниот производ, според типот на кожата, потребата и желбата.
За сите новитети, понуди и случувања, следете ги социјалните мрежи на FABUspot Makedonijaна Facebook и Instagram, преку кои можете да остварите и онлајн нарачка на територија на цела Северна Македонија, со бесплатна достава за сметка над 1000 денари.
Уживајте во шопингот и во вашиот нов FABUlous Beauty свет.