Андреа моќна на сцената во Тел Авив, Констракта покажа нова кореографија (ВИДЕО)
Евровизиската церемонија ни е на прагот. Повеќе од 20 делегации од Европа кои ќе настапуваат на Евровизија 2022 година деновиве пристигнаа во Тел Авив .
Вчера таму се одржа евровизискиот концерт а нашата претставничка Андреа Коевска имаше одличен настап и воодушеви.
Во преполната сала во Тел Авив ечеше моќната изведба на Андреа и Circles а позитивните критики се нижеа на социјалните мрежи и под видеата кои се постираа.
Одличен настап имаше и претставничката на соседна Србија, Констракта која на сцена беше сама без придружните вокали.
По тој повод Констракта го промени костимот и настапи во црвен фустан кој воодушеви многумина, а во нејзината рака беа неизбежните бели пешкири.
Необичниот стајлинг, како и сценскиот настап ја „хипнотизираа“ публиката. Сѐ уште не се знае дали ќе има ваков костим и сценски реквизити на големата сцена на Евровизија во Италија.
Да потсетиме, претходните настани на „Israel Calling“, со десетици земји-учеснички од цела Европа, доживеаја голем успех меѓу уметниците и делегациите и станаа важен дел од промоцијата и изложбата пред натпреварот.
Покрај тоа, настаните го ставија Израел во позитивно светло во медиумите и социјалните мрежи низ Европа и помогнаа да се раскаже приказната за Израел додека уметниците станаа амбасадори на земјата.
На овогодинешниот Избор за песна на Евровизија 2022, нашата претставничка Андреа со “Circles” ќе настапи во втората половина од втората полуфинална вечер под редниот број 11 која ќе се одржи на 12 Мај во Торино,Италија.
Foto: Printscreen/youtube/