Анимирано видео кое на разбирлив и едукативен начин го објаснува новиот коронавирус

На социјалните мрежи почна да се шири анимирано видео кое ги покажува сите детали за КОВИД-19.

Објавено од страна на Маријан Миленковски, под видеото стои:

„Кратко анимирано видео со македонски превод каде што на едноставен - разбирлив и едукативен начин се објаснува новиот коронавирус и се порачува што можеме да направиме за да се заштитиме.

Анимираното видео прикажува како вирусот го напаѓа човечкото тело, како се размножува и влијае на имунолошкиот систем и што можеме да направиме за да го спречиме наглото ширење на болеста за да избегнеме колапс на здравството.
#ОстаниДома