Анкета: Скоро да нема луѓе на планетата кои не дишат загаден воздух

Добивај вести на Viber

Повеќе од 95% од населението во светот вдишува нечист воздух, а најлошо погодени се сиромашните земји, се вели во новиот извештај. 

Според Годишниот извештај на Global Air, објавен од страна на Здравствениот институт, продолжената изложеност на загаден воздух предизвикува околу 6,1 милиони смртни случаи ширум светот во 2016 година.

Во извештајот се вели дека дишењето на загаден воздухдоведува до срцев удар, рак на белите дробови и хронична болест на белите дробови, предизвикувајќи предвремена смрт кај многумина.

Исто така се тврди дека загадувањето на воздухот е четврта најчеста причина за смртност меѓу сите здравствени ризици во светот, како што се висок крвен притисок, диети и пушење.

Според извештајот Кина и Индија се одговорни за над 50% од смртните случаи во светот кои се должатна загадувањето на воздухот. Една четвртина се смртните случаи од загадувањето на воздухот во Индија се еден на секои пет луѓе - во Кина, се вели во извештајот. Кина има постигнато одреден напредок во намалувањето на загадувачите, додека во Пакистан, Бангладеш и Индија се забележува најголемо зголемување на нивото на загадување на воздухот од 2010 година наваму. Користењето на цврсти горива во домовите на луѓето за готвење или греење доведува до драстично загадување на воздухот. Во 2016 година вкупно 2,5 милијарди луѓе - еден на секои тројца граѓани во светот се изложени на загадување на воздухот од цврсти горива како дрво или јаглен. 

Повеќето од погодените живеат во држави со ниски и средни приходи во Азија и Африка. Исто така,се наведува дека бројот на луѓето кои користат цврсти горива е намален од 3,6 милијарди луѓе во светот во 1990 година до околу 2,4 милијарди во 2016 година, и покрај растечката популација.

Во 2015 година, еден од шест смртни случаи во светот е поврзан со загадување во некоја форма - воздух, вода, почви, хемиско загадување или загадување на работното место. Поголемиот дел од жртвите на загадување, 92%, живеат во земји со ниски и средни приходи.