Животна училница // Приказни
Антониа Гиговска ја скрати долгата руса коса, се појави во невидено издание, па од сцената на Макфест порача: „Право машко знае како треба да се сака една жена“
Позната е по несекојдневниот моден изглед. Често експериментира, и вади хит по хит.
Антониа Гиговска. Млада, талентирана и сакана од публиката, со уникатни креации.
На втората вечер од Фестивалот Макфест многумина останаа со подотворени усти кога ја видоа на сцена со видната промена на себе.
Пред неколку дена Антониа ја скрати долгата руса коса, а синоќа ја испеа новата песна „Жена“.
Особено впечатлив беше нејзиниот стајлинг. Црната креација која е дело на стилистката Викторија Бурсак придонесе сите да зборуваат за појавувањето на младата пејачка пред која стои извонредна кариера.
Како ви се допаѓа Антониа во ваква модна креација и со кратка коса?