Апчиња за слабеење со експлозив убија 33 луѓе, меѓу кои и една 21-годишна девојка

Добивај вести на Viber

Бетани Шипси, од Ворчестер, Велика Британија почина во 2017 година на 21 година, откако нарачала и купила апчиња за слабеење кои содржат ДНП од веб-страница во Украина. Оваа состојка - DNP или 2,4 динитрофенол - всушност е класифицирана како експлозив и забранета за употреба во храна, но на оваа украинска страница била продадена како „помош за слабеење и согорување маснотии“.

Бетани со години се бореше со разни ментални болести - депресија, анксиозност, биполарно растројство... Но, тоа не ја убило, истакнува нејзиниот татко Даг. Мајката Керол вели дека и е навистина тешко да гледа како нејзините пријатели и врсници се мажат, основаат семејства, а нивната ќерка ја нема и никогаш нема да има среќа да го доживее тоа.

„Не, менталната болест не ја уби, туку ДНП. Ги загубивме најскапоцените работи во животот“, велат Даг и Керол.

За жал, оваа опасна состојка не ја уби само Бетани. Според официјалните информации, 33 лица го загубиле животот затоа што „дошле“ до приказни дека ДНП помага за лесно и безболно слабеење. На иницијатива на родителите на настраданите, од 1 октомври оваа состојка ќе биде регулирана со Законот за отрови, што значи дека на секој што сака да ја купи ќе му треба дозвола за тоа од пријавен фармацевт. Меѓутоа, ако ги прашате родителите на луѓето кои починале од 2,4 динитрофенол, овој чекор не е доволен. Тие бараат ДНП целосно да се тргне од пазарот и да се забрани.

Како работи DNP?

DNP го загрева телото одвнатре и на тој начин го спречува складирањето на енергија во форма на маснотии. Оваа состојка може да ги оштети мускулните клетки и органи, вклучувајќи ги бубрезите и мозокот. Зголемувањето на температурата може да доведе до шок, кома или целосна бубрежна инсуфициенција. Не постои познат противотров.

„Ова е отров. Воведуваме итна забрана за да се увериме дека сите разбираат колку е опасна DNP и да спречиме некој друг да стане жртва на овие апчиња за отров. Регулативата е само една од алатките што ги користиме за контрола на употребата на DNP Ќе продолжиме да работиме со интернет компании и други земји за да спречиме продажба на оваа опасна хемикалија“, изјави министерот за безбедност Том Тугентхат.

За жал, Агенцијата за стандарди за храна, која е одговорна за следење на продажбата на DNP преку Интернет, откри дека нивните истражители интервенирале во дури 515 случаи.