Апсолутна доминација: Србинката Нина Сеничар на црвениот килим на Оскарите, за првпат во јавност со сопругот
Свеченото доделување на наградите на Американската академија за филмски уметности и науки, 94-то издание на Оскарите, се одржа синоќа во познатиот театар Долби во Лос Анџелес, а денеска најмалку се зборуваше за наградите.
Во центарот на вниманието е ударот што Вил Смит му го упати на Крис Рок среде сцена, а вниманието го привлекоа некои од најубавите фустани кои сме ги виделе во последно време, но и модни катастрофи на црвениот тепих.
Убавата српска водителка Нина Сеничар исто така имаше чест да присуствува на Оскарите со својот сопруг Џеј Елис.
Нина, врвната српска ТВ водителка и актерка, синоќа доминираше на црвениот тепих кога се појави рака под рака со нејзиниот партнер Џеј Елис.
Се шпекулираше дека нејзиниот сопруг ја држел подалеку од очите на јавноста, а нејзините фотографии не можеа да се најдат на неговиот Инстаграм профил. Но, синоќа можевме да видиме како тоа не е вистина, со оглед на тоа што тој гордо дојде со неа на Оскарите.
Нина изгледаше волшебно! Во црн корсет фустан таа ги засени дури и некои од водечките холивудски ѕвезди.
Фустанот на модната куќа Долче и Габана беше исклучително гламурозен.
Со залижана коса и дискретна шминка, нејзината природна убавина дојде до израз.
извор:stil.kurir.rs