Апсолутна доминација: Викторија Бекам и Ева Лонгорија покажаа како изгледа кога „две очајни домаќинки“ се подготвуваат за излегување (ФОТО)
Цел свет зборува за нив!
Ева Лонгорија и Викторија Бекам се најдобри пријателки со години, а нивното пријателство се зацврстикога Бекамови се преселија во САД во 2007 година.
Нема сомнеж дека излегувањето во град е секогаш позабавно со пријателите, а исто така секогаш е поубаво кога подготовките за градот се одвиваат во друштво на најдобрата пријателка.
Така Ева и Викторија се подготвуваа заедно за вечерата „Вог“ што ја приредија Едвард Енинфул и Ванеса Кингори во хотелот Лондонер за да оддадат почит на жените кои даваат позитивен придонес во општеството.
А малку од атмосферата споделија и на социјалните мрежи.
-Две очајни домаќинки се подготвуваат за град - напиша Викторија под фотографиите на кои се гледа како наздравуваат со омилениот пијалок и ја поправаат косата, а со нив е и синчето на Ева Лонгорија.
Тие подоцна се појавија на споменатата вечера и ги воодушевија сите присутни со своите модни изданија.
Ева Лонгорија (47) носеше асиметричен црн стреч фустан со необично деколте, а монохроматската комбинација ја зачини со блескаво зелена чанта. Фустанот и чантата се дело на нејзината пријателка Викторија Бекам.
Тесниот фустан со долги ракави, кој малку се пламти на долниот дел, ја придружуваше нејзината совршена линија на телото и уште еднаш покажа зошто мажите ширум светот уште воздивнуваат по Ева.
Од друга страна, Викторија избра бел фустан чиј дизајн се издвојува со две широки прерамки кои одат преку градите и дел од ткаенината во долниот дел налик на навој. Под фустанот, модната дизајнерка се одлучи за тесни црни панталони и чизми со отворени прсти.
Не се знае која од која е поубава.
извор:GLOSSY