Астролизите велат, овие 4 знаци се најпаметни во Зодијакот: Нивниот мозок работи како молња, секогаш се еден чекор пред другите

Иако во наталната карта на поединецот има многу фактори кои зборуваат за неговиот карактер и интелигенција, овие четири хороскопски знаци се сметаат за најпаметни.

Близнаци

Близнаците лесно учат нови работи, па не е чудно што се меѓу најпаметните хороскопски знаци. Овој воздушен знак постојано црпи информации од различни извори и секогаш има подготвен одговор или соодветна контра-реакција.

-Без разлика дали се работи за сеќавање на сцена од филм, духовита реплика или решение да се поправи нешто, менталната агилност и способноста на Близнаците да гледаат различни резултати одеднаш даваат огромна предност“, вели Џил Лофтис, астролог и основач на Nuit Astrology.

Стрелец

Припадниците на овој знак се секогаш подготвени за нови авантури и искуства.

„Тие дефинитивно се оние со изворот на мудроста и на тој начин доаѓаат до генијални решенија“, објасни Џил Лофтис.

Стрелците се нарекуваат филозофи на Зодијакот, а како огнен знак имаат огромна жед за знаење и откривање нови работи. Тие сакаат да ја користат својата интелигенција за добри цели.

Скорпија

Овој знак е исклучително мудар и има посебен агол на гледање на животот, се истакнува со уникатен начин на размислување, вели Рајан Маркард, астролог и основач на Ryan's Astrology, додавајќи дека овој воден знак обично е три чекори понапред од другите.

„Тие се оние кои често откриваат скриени индиции што другите ги пропуштаат, па затоа ги наоѓаат одговорите и решенијата побрзо од повеќето“, рече тој.

Водолија

Со својот оригинален начин на размислување, Водолијата дури се смета за најчуден знак на Зодијакот. Поради нивните необични тенденции, можеби нема веднаш да ја забележите нивната интелегенција. Овој воздушен знак размислува многу брзо и може да ги надмудри другите за кратко време.

„Колку и да изгледаат необично за некои луѓе, нивните остри умови се критични и решени да најдат решенија“, додаде Рајан Маркард, пишува Best Life.

 Фото:freepik