Атиџе и Сузана Турунџиева во дезенирани фустани и модно усогласени го промовираа првиот спот на песната „Од Бекирлија до Битола“ (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Синоќа првиот спот на медената Атиџе и пејачката Сузана Турунџиева и беше претставен на јавноста.

Модно усогласени двете дами и го претставија видеото на публиката а задоволството на нивните лица беше повеќе од видливо.

Среќа бликаше од нивните срца а и двете на промоцијата беа облечени во слични дезенирани фустани и сандали на штикла.

-Се ставив во убава мисија, која ми е предизвик и задоволство, со музика и песна да надокнадиме со Атиџе. Човек по човек ги препознаваме добрите луге, правиме армија од добри души и  драго ми е што во изминативе 10тина месеци колку што се дружиме со Атиџе запознавме многу такви. Наидуваме на секакви коментари, но коментарите кои се поинакви од очекуваните не ни биле проблем да си го продолжиме патот и да покажеме дека доброто раѓа добрина“, изјави Сузана.

Атиџе пак искрена како и секогаш , кажа дека оваа песна премногу ја сака, бидејќи во истата се пее за Овче поле.

Видео спотот ја прикажува и целата стилска трансформација која ја доживеа хероината од Бекирлија, Атиџе која се промени целосно од почетокот досега.

Погледнете дел од атмосферата на претставувањето на видео спотот подолу во галеријата:


Фото: Вангел Тануровски