Култура // Концерти
Атрактивните музичарки од квартетот Bond „растурија“ во Скопје (ГАЛЕРИЈА)
Квартетот Bond, кој е супербренд во светот на музиката кој е истовремено и најпродаваниот гудачки квартет на сите времиња синоќа имаше фантастичен настап пред скопската публика.
Уникатната светска гудачка атракција ги забавуваше скопјани во Македонската филхармонија, а ние преку галерија ви пренесуваме дел од атмосферата.
Bond нарекуван уште и „Spice girls на класичната музика“ имаaт продадено неверојатни 5 милиони албуми низ целиот свет, 56 платински и 15 златни тиражи на своите изданија, како и огромен број на распродадени турнеји низ Европа, Америка, Австралија, Централна Америка и Азија.
ФОТО: Вангел Тануровски