Audi прави клучна пресвртница кон електричната мобилност

Добивај вести на Viber

Нова ера започнува во Audi .Oфицијално започна серијата на производство на електрични мотори.  Симболично, фабриката за производство беше отворена од Péter Szijjártó, Министер за надворешни работи и надворешна трговија, Peter Kössler, член за Производство и Логистика во Бордот за Менаџмент и Achim Heinfling, Управен директор на Audi Унгарија. 

 “Со почетокот на производство на електрични мотори, Audi моментално се движи во комплетно нов правец, поставувајќи го Győr како главен производител на електрични мотори кој ја отелотворува нашата стратешка трансформација како овозможувачи на одржлива мобилност.”- изјави Peter Kössler, член за Производство и Логистика во Бордот за Менаџмент. 


  “Audi ја завзема пионерската улога во производството на електрични мотори. Горд сум на високото ниво на мотивација и експертиза на нашите вработени. Тие успешно и со голема посветеност го започнаа производството на новиот електричен мотор.”- изјави и Achim Heinfling, Управниот директор на Ауди Унгарија. 


Првите електрични мотори произведени од Audi ќе бидат употребени во првотоелектрично возило на Audi – E-Tron кој ќе биде произведен во Audi фабриката во Брисел.  За производството на електричните мотори, Audi имплементира иновативната опрема и машини во својата фабрика за само една година. Со цел да се развие производството во вистински правец, одделите за развој и производство на електричните мотори на Audi се одлучија за соработка со технолошкиот центар за производство во Győr. 


Паралелно со објектот за производство, Audi инсталира тест клупи за електрични мотори во одделот за развој, кои се користат за тестови и континуирани истражувања. Вработените беа подложени на обука со цел да станат електрични експерти во технолошкиот центар за производство на електрични мотори.