Животна училница // Приказни
АВА КЕРШ И ПЕПИ БАФТИРОВСКИ: Се разделија во Америка, останаа пријатели до неговата смрт
- 18 Мај, 2019
По маестралната изведба на Антониа Гиговска во шоуто „Пинкови ѕвездички“ во март годинава, македонската јавност повторно се присети на легендарната песна „Ако згрешам нека изгорам“, оригинално отпеана од Пепи Бафтировски.
Бафтировски кој важеше за еден од нашите најуспешни фолк-пејачи во 2003 година со семејството се пресели во Чикаго. Пет години подоцна му беше дијагностициран рак на белите дробови и почина на 66-годишна возраст.
Во Америка се пресели со сопругата Ава Керш со која има две деца, ќерката Марина и синот Емил. Кратко време по иселувањето познатата естрадна двојка се разведе, но Пепи и Ава останаа пријатели до неговата смрт.