АВГАНИСТАНЕЦ – БЕГАЛЕЦ ВО СРБИЈА РАЗВИЛ НЕВЕРОЈАТЕН БИЗНИС: Прво спиел на клупа, а сега има редици за да го пробаат неговиот производ

Добивај вести на Viber

Бегајќи од војната во Авганистан, неговото патување го одвело во Србија. Не можел ни да замисли дека ќе остане во земјата за која мислел дека ќе му биде само транзитна дестинација. Кога пристигнал во Србија за време на бранот на бегалската криза во 2016 година, Кочаи Арјуби бегал од воено разурнатиот Авганистан под закана на талибанците.

Тој сега е во Србија веќе осум години и се сеќава дека патот до Србија бил многу тежок. Оние кои веднаш не го продолжија патувањето до границите на Европската унија, беа сместени во прифатните центри на Комесаријатот за бегалци.

-Отидов од Авганистан во Србија илегално низ многу земји и беше доста тешко. Првите денови кога пристигнав, бев сместен во хостел во близина на Економскиот факултет во Белград. После тоа немав ништо, па спиев во паркот кај факултетот. По две недели, Комесаријатот за бегалци организираше превоз до камповите. Решив да одам и следната речиси една година ја поминав во бегалскиот камп во Крњача - се сеќава Кочај.

Повеќе за информацијата прочитајте на Фактор.