Австралија бара спас, два милиони мачки ќе бидат убиени

Се проценува дека во Австралија има помеѓу два и шест милиони мачки кои слободно циркулираат во природата

Австралиската влада излезе со идеја да елиминира два милиони мачки поради тоа што го нарушуваат животот на домородните видови. Според нивните зборови, целта им е да го намалат влијанието на дивите мачки, не само поради тоа што ги уништуваат домородните видови, туку и поради влијанието врз австралиските фармери.

Планирано е да се убијат дури два милиони мачки до 2020 година, бидејќи мачките придонеле за исчезнување на 27 домородни видови мачки, донесени од Европа уште од 1700 година.

Дел од планот е и труење на мачките со колбаси, кои освен отровот, во себе ќе содржат месо од кенгур, пилешка маст, како и разни билки и зачини.

Колбасите ќе бидат фрлени од авион, во подрачја каде што живеат скитници. Откако ќе ги изедат, смртта се јавува за петнаесет минути. Освен труењето, планирано е и да пукаат на мачки, а оние граѓани кои што ќе го направат тоа, ќе бидат наградени.

Една убиена мачка ќе вреди десет американски долари.

Иако од Здружението за заштита на животните „ПЕТА Австралија“ овој закон го прогласија како ужасен, тие сепак признаваат дека мачките се смртна закана за одредени видови.