Австралиска блогерка лажела дека го победила ракот со здрава исхрана

Добивај вести на Viber

Австралиската блогерка Бела Гибсон е обвинета дека ја лажела јавноста дека го победила ракот, благодарение на здравата исхрана, наведувајќи ги на тој начин луѓето да ги купуваат нејзините книги и апликации за мобилен телефон во кои се рекламирале производи.

Таа навела дека дел од собраните средства давала во хуманитарни цели. Но, во истрагата било докажано дека парите, сепак, ги задржала таа.

Судот ѝ наложил на Бела да плати 410.000 долари, кои ги присвоила, а казната за измама и за наведување на заболените, наместо медицинска терапија, да ги слушаат нејзините совети допрва ќе ѝ биде одредена.

Бела стана позната во 2013 година по рекламирањето на своите книги на „Фејсбук“ и на „Инстаграм“ кога наводно ѝ бил дијагностициран тумор на мозокот. Таа на социјалните мрежи лажела дека ѝ остануваат само пет месеци живот.