Азис ја покажа мајка му: Нема шанси да ѝ дадете 65 години ФОТО

Добивај вести на Viber

Кралот на бугарскиот поп фолк Азис, никогаш не се срамел од своето потекло-туку напротив горд е што има ромски корени.

И покрај тоа што во последните години е прилично таинствен кога станува збор за неговиот приватен живот , (мислиме на фактот дека пејачот се пофали со раѓањето на неговото второ дете од кое има објавено само две фотографии од зад грб) понекогаш пејачот е подготвен на изненадувања.


Со секој објавен пост на социјалните мрежи открива нови детали кои никој не ги очекувал. Овој пат откри нешто многу интимно за неговата мајка Георгина.



Наводно , мајка му добила шестцифрена понуда за да се соблече гола. Сега Васко, како што е вистинското име на пејачот собра храброст да ја открие оваа вистина од неговиот приватен живот.

„Кога мајка ти изгледа вака, не е чудно што откажала шестцифрен хонорар за да биде на насловната страница на едно од најпознатите машки списанија во светот. И поканата не доаѓа од Бугарија.


Не е сензација и тоа што ме родила мене. Не е изненадувачки ни што работела како роб за да ме одгледа и да го направи она кое сум во моментов. Интересно е што има 65 години, а јас 44 и ми се јавува да ме праша: - Васко мајка, јаден ли си? ...

Азис меѓутоа не појаснува од кое машко списание ја поканиле мајка му, ниту пак за која држава станува збор. Веројатно поканата да се фотографира гола доаѓа откако нејзиниот син е доста познат и има доста пари.


FOTO: Instagram