БАДЕЛ 1862 ГО ПРЕТСТАВИ ПРЕСТИЖНИОТ АРТИСАН БРЕНД КОРЛАТ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР
Вчера во Даут-пашин амам, во присуство на на своите партнери и соработници, преставници на хорека секторот, компанијата Бадел 1862 го престави престижниот артисан бренд Корлат ракии и ликери на македонскиот пазар.
Широката и уникатна понуда на Бадел 1862 Македонија отсега е збогатена со нова колекција од премиум ракии и ликери под слоганот „The Art of Spirit“, а нивните вкусови се дефинирани како „уметнички спој на природата, страста и умешноста“.
Корлат е резултат на долгогодишна, внимателна работа во која уникатните вкусови на традиционалните пијалаци се интерпретирани на модерен начин, со најдобрите природни состојки, во мали серии и со авторски потпис на мајстор-дестилаторот на Бадел 1862, Весна Јурак.
„Корлат ракиите и ликерите се создадени по традиционални рецепти кои се реинтерпретирани на модерен начин. Многу е важно производот да се следи од почетокот на развојот до финалниот рецепт, во кој користиме природни состојки со врвен квалитет. За време на создавањето на ликерот и ракијата им се пристапуваше на посебен начин, почитувајќи ги принципите на занаетчиското производство“ - вели таа.
Во развојот на новите производи за прв пат, покрај експертите на Бадел, беа вклучени и надворешни експерти и соработници. Беа спроведени три рунди на слепо тестирање во кои учествуваа шанкери, готвачи и други гастро експерти, професори од Факултетот за земјоделско-прехранбена биотехнологија, угостителски и туристички работници и поединци од различни други профили кои професионално се занимаваат со алкохолни пијалаци. Врз основа на нивното мислење, вкусовите беа приспособени и рафинирани за да се дојде до најдобри рецепти и врвни резултати.
Колекцијата на ракии и ликери Корлат, покрај извонредните и уникатни вкусови, се карактеризира и со атрактивен, но и посебен дизајн на пакување и етикети. Дизајнерот Предраг Загорац внимателно дизајнираше уникатна етикета за секој од производите со цел да го истакне занаетчиското производство, природните состојки и уникатните ароми кои ги карактеризираат.
Од компанијата објаснуваат дека нивната главна цел е преку една изложба на вкусови, ноти и доживувања, да им ја претстават на присутните богатата традиција од којашто потекнува Корлат, но и останатите производи од нивната понуда.
Токму затоа за овој настан е избран Даут-пашин амам како архитектонско ремек дело кое претставува една порта кон минатото што ги повикува посетителите да тргнат на патување низ времето.
„Вечерва зад нас ја имаме богатата историја на Бадел 1862, со традиција од 160 години, пред нас е визијата за иновација и премиумизација, а денес е пресекот во времето, совршен момент за да ви најавиме нов премиум артизан бренд на македонскиот пазар.
Новините кои Бадел ги најавува со лансирањето на нови премиум производи се предвесник на она што е наша генерална стратешка определба. Подмладувањето на веќе препознатливите брендови и нивното репозиционирање во премиум сегментот. Иновациите се секако дел од оваа премиумизација, проширувањето на портфолиото и секако инвестицијата во нови премиум брендови.
Производите на Бадел 1862 се присутни на пазарот во Македонија повеќе од 30 години, учествуваат со близу 50% во вкупниот увоз на жестоки пијалаци во земјата и претставуваат неизбежен дел од секоја прослава или секој убав момент од нашите животи“ - изјави во оваа прилика Генералниот директор на Бадел 1862 Македонија, Златко Ивановски.
На присутните им се обрати и Дарко Кнез, Генерален директор и Претседател на Управниот одбор на Бадел 1862.
„Ми претставува особена чест и ми е навистина драго што имам можност лично да ги претставам. Корлат ракиите и ликерите пред македонската публика. Македонскиот пазар е особено важен за нас бидејќи сме присутни тука навистина долго време, имаме веќе изградена традиција и перцепцијата на македонскиот потрошувач е дека Бадел 1862 е домашен бренд што е факт со кој се гордееме.
Изминатите неколку години Бадел 1862 сериозно инвестираше во подобрување на квалитетот на целото портфолио, модернизирање на процесите на производство што на долг рок ни дава гаранција на задржување и подобрување на нашата лидерска позиција не само во Хрватска и Македонија, туку и во целиот регион.
Светските трендови на производство на жестоки алкохолни пијалаци нѐ носат во насока на креација на автентични, уникатни производи кои го претставуваат регионот од каде што доаѓаат во најдобро светло, што за нас се токму Корлат ракиите и ликерите. Искрено се надевам дека македонскиот потрошувач ќе ужива во нив“ - истакна Кнез.
Гостите на овој настан имаа можност да уживаат во дегустација на новите вкусови под брендот Корлат, а внимателно избраната програма ја водеше Јана Серафимова.
Елегантната атмосфера ја обезбеди сензуалната Агни Авшар, придружувана од секстет составен од врвни музичари од Македонската филхармонија и Националната опера и балет.
Додека обучениот гастрономски персонал ги послужуваше и информираше гостите за вкусовите и карактеристиките на новите пијалаци и закуските коишто одат со нив, современата сликарка Елена Поповска создаваше уметничко дело инспирирано од приказната за Корлат, чие откривање присутните имаа можност да го следат во живо.
Бадел 1862 е најстариот и водечки производител на алкохолни пијалаци во Хрватска, кој со квалитетот на своите производи ја продолжува и усовршува богатата традиција наследена од реномираните компании Pokorny, Patria, Arko, Badel Vinoprodukt.
Компанијата го заснова својот развоен пат на традицијата и врвниот квалитет приспособени на актуелните трендови и очекувањата на новата генерација потрошувачи, како промотер на културата за пиење. Токму благодарение на ваквата деловна политика и инвестициите во маркетинг и иновации, таа е на водечка позиција во регионот.
(ГАЛЕРИЈА)