Бајага стана дедо: Доби внука, а синот и снаата избраа многу убаво име со моќно значење

Момчило Бајагиќ Бајага (61) пред два месеци станал дедо.
Неговиот син Марко добил ќерка во декември, а за наследничката го избрале името Сара.

Бајага за ова не зборуваше во јавноста, но сега ја потврди веста за „Новости“ и откри дека од моментот кога станал дедо, станал поопуштен во животот.

„Така е, станав дедо. Имам прекрасна внука Сара и сега сум поопуштен во животот. Далеку од тоа да кријам дека станав дедо, едноставно избегнувам да зборувам за мојот приватен живот“, изјави Бајага.

Значењето на името Сара (оригинално Сараи или Сара), кое е преведено од хебрејски јазик е - онаа ​​што доминира; што е важна; жена која владее и управува; „света“ мајка; жена со висок социјален статус или ранг; принцеза; владетел; библиска личност; „гласник од Бога“; принцеза; божица; „светост“.

Инаку Момчило и неговата Емилија се во брак 33 години, а пред тоа живееле заедно седум години. 

Тие се венчаа во 1989 година, следната година го добија синот Марко (29), а осум години подоцна ќерката Анѓела (20). Тој ги посвети сите свои љубовни песни на Емилија. Нивната врска никогаш не била во искушение, но тој е свесен дека на неговата сопруга не ѝ било лесно.

извор:mondo
фото: В.Тануровски / Инстаграм

Се запознале во јавен превоз, четири децении се во љубов: Бајага за сопругата и децата