Balans+ ‒ верен поддржувач на храбрите велосипедисти на „Ај да возиме на Пелистер пак“

Добивај вести на Viber

Викендов, градот Битола и Пелистер беа централното место на кое се собраа повеќе стотици љубители на планинскиот велосипедизам во рамките на иницијативата „Ај да возиме на Пелистер пак“.

Богатата содржина на настанот, која опфати ревијална – рекреативна тура, крос-кантри и ендуро тура, беше збогатена и со забава за учесниците на која партнерот на настанот како официјална здрава напивка ‒ Balans+ обезбеди поддршка за неговата организација, а истовремено обезбеди и здрави изненадувања за учесниците, интересни награди за најсреќните и многу забава за овековечување на моментите од настанот.


„Сите сме свесни и знаеме дека возењето велосипед има бескрајни придобивки за нашето здравје, форма и начин на живот. Од друга страна, пак, сите знаеме за придобивките што ни ги нуди јогуртот Balans+ и за неговото позитивно дејство врз човечкиот организам. Поддршката на настанот дојде сосема логично и природно – спојуваме и промовираме две многу корисни навики. Затоа што ние навистина се грижиме“, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер во Бимилк.

Како препознатлив партнер на вистинските вредности и верен поддржувач на голем број спортски активности за промоција на здравиот начин на живот, тимот на Бимилк верно ги бодреше и ги поддржуваше учесниците на турата.