Банана леб според рецептот на Меган Маркл: Совршен десерт кој е замена за појадок, здрав е и не дебелее
Направете сладок појадок на кој нема да можете да му одолеете.
Меган Маркл пред речиси четири години објави збирка рецепти наречена „Заедно: Нашата заедница за готвење“.
Додека имаше дополнително слободно време, и поради пандемијата и поради бременоста, таа експериментираше со еден од нејзините омилени десерти - банана леб.
Ова не е класичен леб, туку сладок леб што може да се класифицира дури и во колачи. Лебот од банана кој Меган Маркл сама го направи го претстави за време на нејзиното прво кралско патување со нејзиниот сопруг, принцот Хари.
Состојки:
- 2 јајца
- 3 банани
- 300 грама брашно
- лажичка сода бикарбона
- 50 грама бел шеќер
- 50 грама жолт шеќер
- 100 грама путер
- лажичка есенција од ванила
- една лажица ореви или коцки чоколадо
Подготовка:
Најпрво измешајте путер и шеќер, потоа додадете ванила, прстофат сол и сè убаво измешајте. Во друг сад излупете ги зрелите банани и изгмечете ги со вилушка. Бананите се додаваат во путерот, шеќерот и јајцата.
Вклучете ја рерната на 200 степени и плехот за печење намачкајте го со путер. Во брашното измешајте една лажичка сода бикарбона и додадете ја смесата со банана. Кога се добро ќе се измеша, додадете една лажица мелени ореви или уште подобро мали коцки чоколадо. Измешајте сè и истурете во подмачкана тава.
Откако ќе се загрее рерната, ставете ја тавата и печете на 180 степени околу 40 минути. Пред крај прободете го колачот со чепкалка, а ако не е сув значи лебот не е готов.
Оваа торта одлично оди со чај и кафе, а добра е и како појадок. Ова е одличен рецепт во кој можете да користите презрели банани кои ретко кој сака да ги јаде. Треба да се има на ум дека колку позрели се бананите, толку е посладок колачот и треба да се додаде помалку шеќер.
извор:najzenaфото:unsplash/PRINTSCREEN/YOUTUBE