Barcaffè espresso освои две златни медали на меѓународниот натпревар на дегустација на кафе во Милано

Титули понесоа и Barcaffè Tradizione и Barcaffè Prestigio

 На овогодишниот меѓународен натпревар на дегустација на кафе (Internacional Coffe Tasting) што се одржа на 29 и 30 ноември во Милано во организација на Меѓународниот институт за дегустација на кафе (International Institue of Coffe Tasters), Barcaffè espresso освои две златни медали за своите брендови Barcaffè Tradizione и Barcaffè Prestigio.

Судии на овогодишниот натпревар беа стручњаци за кафе, а пијалаците од кафе ги оценуваа врз основа на неколку критериуми, како: заокруженост на вкусот, интензитет на аромата, структура и постојаност на пената. 

„Исклучително сме горди што на овогодишниот натпревар станавме носители на дури две златни медали и со тоа се најдовме во друштвото на други многу популарни брендови во Италија и пошироко. Barcaffè отсекогаш спроведува строги мерки за контрола на квалитетот почнувајќи од изборот на самото зрно на суровото кафе до совршено приготвеното и послужено еспресо во кафуле“, изјави Андреј Беле, генерален директор на Стратешкото деловно подрачје Кафе на Групацијата Atlantic.

Напомна дека ова не е прв пат Barcaffè да понесе златни медали. 

„Barcaffè е горд носител на дури 6 златни медали на меѓународните натпревари во дегустација на кафе. Исклучително ни е драго што на оваа колекција ги додаваме и овогодишните две златни медали“, додаде Беле. 

Barcaffè е еден од најзначајните регионални брендови во бизнисот со еспресо, чија што приказна започнува уште во 1970 година во тогашната фабрика Дрога Порторож, а денес неговата понуда се состои од повеќе од 40 производи, почнувајќи од мешавини на мелено пржено кафе, кафе еспресо, инстант пијалаци и coffee to go.

Barcaffe Tradizione е приготвено од најквалитетните сорти арабика и робуста. Обилува со интензивен вкус и пикантна арома со нота на горко какао и црна чоколада. Присутно е во целиот регион.


За организаторот:

International Institute of Coffee Tasters (IIAC), е непрофитно здружение поддржано само од членарините, основано во 1993 година со цел да составува и шири научни методи за сензорна проценка на кафето.

Секогаш се фокусира на еспресо, симбол направен во Италија, усовршувајќи го начинот на дегустирање. Од своето основање IIAC има спроведено стотини курсеви за лиценца за дегустација на кафе со присуство на оператори и љубители на кафе од целиот свет. Во текот на својата истражувачка активност, поддржано од страна на научниот одбор на високо ниво, IIAC го усоврши филџанот за дегустација кој ја оптимизира проценката на еспресото, истовремено врши важни студии за корелациите меѓу ознаките за квалитет откриени преку хемиска анализа и сензорните особини на кафето.

Barcaffè espresso, ваш експерт за поубав ден!