Барон ја надминал мајка си во висината: Меланија Трамп за првпат видена во Њујорк, доследна на стилот и во друштво на син ѝ
Барон е видно пораснат, а поранешната прва дама Меланија Трамп е за првапат видена во Њујорк, откако Доналд Трамп ги загуби претседателските избори и ја напуштија Белата куќа.
А секако, како и што се очекуваше - остана доследна на стилот.
Во едно од нејзините први појавувања по напуштањето на Вашингтон, поранешната прва дама Меланија Трамп беше фотографирана како пристигнува во кулата Трамп на Менхетен. Ова беше голема реткост, бидејќи Меланија не е видена надвор од Палм Бич, откако таа и нејзиниот сопруг, поранешниот претседател Доналд Трамп, се преселија таму по поразот на изборите. Имено, Доналд и Меланија сега живеат во приватен клуб на Флорида.
Списанието „Пипл“ наведува дека Меланија ова лето ќе го помине на две локации - едниот дел во семејната резиденција на Менхетен, а другиот во викендичката во Бедминстер.
Нивниот син Барон е видно пораснат и ја надминал мајка си во висината.
Меланија изгледа совршено за прошетката со синот.Доследна на нејзиниот стил, одбрала црно бела класична комбинација.
Поранешниот 75-годишен американски претседател моментално се наоѓа во Бедминстер, каде неодамна одржа прес-конференција, чија причина беше објавувањето тужби против неколку технолошки компании. „Иако Палм Бич е нивната главна резиденција, Трамп го поминува летото на релација Њујорк и Њу Џерси“, открива близок извор на Трамп, додавајќи: „Меланија и нејзиното семејство прават многу работи заедно, но не и со Доналд . Изворот додава дека Меланија се обидува да остане во близина на истиот град во кој живее нејзиниот сопруг, но да продолжи да го следи нејзиниот распоред, така што повремено сама патува низ САД и странство.
„Меланија е најсреќна кога е опкружена со семејството. Таа многу добро знае како да си го организира животот за да биде што поисполнет “, вели изворот.
За разлика од поранешната сопруга на Доналд, Ивана, која сакаше да биде социјално и деловно активна како Доналд, Меланија претпочита да поминува време со своето семејство. „Меланија е порасната многу поинаку и сака нејзините родители и сестра да уживаат во сето она што САД го нудат. Нејзиното семејство не беше богато “, открива изворот и додава дека Меланија не сака да биде во центарот на вниманието.
„Никогаш не сакаше да биде во центарот на вниманието на медиумите, таа ќе стори се што може за да избегне фотографирање или интервју “, изјави извор за „Пипл “.
Извори блиски до поранешната прва дама претходно открија дека Меланија поголемиот дел од времето го поминувала во приватен клуб во Флорида на бањски третмани и во друштво на нејзиниот 15-годишен син Барон.
извор:glossy