Баскерфест 2018 ќе се одржи од 12-17 јуни на плоштадот „Македонија“ во Скопје, но традиционално и во другите градови, посетителите ќе имаат можност да уживаат во караванот кој носи среќа.
Фестивалот на улични изведувачи оваа година ќе понуди многу забава за сите возрасти. Сите посетители, па и случајни минувачи, освен во врвните баскер мајстории на жонглери, акробати, циркуси, кловнови, ќе може да уживаат и во многу нови забавни содржини.
Најмалите секојдневно ќе можат да се дружат и едуцираат во детската едукативна работилница, каде што ги очекуваат многу изненадувања. Тука ќе биде и корнерот за животни- односно пет катче каде што преку забава ќе се едуцираат за милениците заедно со Марко Новевски, а ќе се собираат донации и за бездомни животни.
На плоштадот „Македонија“ ќе има и базар на ракотворци, а за првпат е органзиран и „ Аrt's n Craft's“-за луѓето кои имаат креативност и знаат како од обични предмети да креираат уметност. На првото издание на Art's n Craft's, задачата на пријавените креативци е на метални буриња за пиво да ја изразат својата визија и креираат уметност. Настанот ќе има натпреварувачки карактер со награди за најдобрите.
Ќе бидат поставени и интерактивни инсталации кои ќе ги анимираат сите посетители. Како главна атракција е Тунелот на стравот каде што со воз на шини ќе се минува низ неколку страшни конструкции опремени со соодветно осветлување, реквизити и звучни ефекти. Ќе има и ѕид со гуми за качување, photo booth, кафез со балони, арт маса и уште многу интересни инсталации во кои публиката ќе може интерактивно да се вклучи.
За љубителите на спортот, ќе биде поставен спортски корнер, со игри од натпреварувачки карактер, како и корнер каде што ќе може да ги научите стрелачките вештини.
Во склоп на Баскерфест, покрај атрактивната баскер програма на улични изведувачи, ќе има и музички стејџови со одлични бендови од сите страни на светот. Oбјавен е и конкурс за млади македонски бендови, диџеи и пејачи кои би сакале да се престават пред поголема публика и да го покажат својот музички талент. Баскерфест 2018 повикува и волонтери од 18-35 години, кои активно би се вклучиле во организацијата на фестивалот, каде што ќе стекнат незаборавно искуство дружејќи се со артисти и перформери од целиот свет.
Сите заинтересирани музичари и волонтери може да испратат мејл со кратка биографија на buskerfest2008@gmail.com