Беа во брак само три месеци: Кој е поранешниот сопруг на Карлеуша?

Добивај вести на Viber

Пред да се ожени со пејачката Маша Николиќ, Бојан Кариќ, чиј чичко е контраверзниот српски бизнизмен Богољуб Кариќ беше во брак со пејачката Јелена Карлеуша.

Карлеуша и Кариќ се венчаа во 2004 година и беа во брак само три месеци. Нивната разделба е проследена со големо медиумско внимание, а остана запаметена по тоа дека пејачката Бојан наводно  го изневери со телохранителот. Карлеуша тоа го демантираше и изјави дека е невистина која има за цел да го уништи нивниот брак.

Бојан Кариќ со сопругата Маша и со децата 

Во 2007 година, тој се ожени со Маша Николиќ, ќерка на познатиот режисер Божо Николиќ и сестра на пејачката Јована Николиќ. Се венчаа во вилата на семејството Кариќ на Дедиње. 

Бојан и Маша имаат две деца, близнаците Тара и Теодор. Со децата, тие позираа на свадбата на Данијела Кариќ во Белград.