Бебе старо само 2 недели е пронајдено во шума покриено со инсекти и црви: Епилогот од приказната ќе ве растажи

Бебе старо само 2 недели е пронајдено во шума во Тајланд откако два дена поминало само, покриено со инсекти и црви. Локалните жители го откриле во грмушка на 19 декември во провинцијата Краби Сада, бебето сега е под надзор во локалната болница и ќе биде таму додека целосно не закрепне

Новороденото девојче било пронајдено живо, но покриено со исеченици и каснувања од инсекти, откако поминало два дена напуштено во оддалечена шума во Тајланд. Бебето  имало гребнатини и модринки на лицето, како и бубачки на кожата кога мештаните кои собирале смола од дрвјата ја забележале во неделата во провинцијата Краби. Немало облека и лежело во густите зелени листови од банана.

Девојчето, кое било дехидрирано, било завиткано во сино памучно ќебе и го ставиле на носилки во амбулантно возило пред да биде однесено во болница. Бебенцето е задржано на опсервација, но е здраво и не се очекува да има трајни здравствени проблеми. 

Многумина веруваат дека она што го преживеало бебето е неверојатно и покрај тоа што е пронајдено во област каде што живеат опасни животни како кобри и питони, а температурата на ова подрачје во текот на денот е 35 степени.

Началникот на полицијата рекол дека ја бараат мајката на девојчето ѝ изјавил: „По телото на новороденото девојче лазеле црви и инсекти. Според евиденцијата од сите породилишта во околината, не се гледа дека жена неодамна се породила. Веројатно мајката се породила на друго место и го оставила детето во шума. Мајката ќе одговара. Бебето можело да умре и мислам дека оној кој го оставил девојчето го знаел тоа. Се верува дека бебето било оставено надвор најмалку два дена. Таа беше таму цела ноќ, но преживеа“.

Полицијата соопшти дека е по целосното закрепнување, веројатно девојчето ќе биде сместено во владиниот систем за сираци.


Фото: Профимедиа