Бебето родено под урнатините во Сирија ќе носи име кое значи чудо: Сите сакаат да го посвојат девојчето, но ...

Илјадници луѓе сакаат да го посвојат бебето кое се родило под урнатините во северозападна Сирија, а чија мајка починала по породувањето.

Бебето останало сирак, а починале и други членови од нејзиното потесно семејство. Кога го пронашле, новороденото девојче сè уште било приврзано за нејзината мајка преку папочната врвца. Откако била спасена, ѝ го дале името Аја, што на арапски значи чудо, пишува турски ТРТ.

Ова е бебето родено во стрaотниот земјотрес: Во инкубатор е, има модрици, но е стабилно (ФОТО)


Малата Аја сега е во болница и е во стабилна состојба, јавува Би-Би-Си.

Снимката од спасувањето на Аја беше широко распространета на социјалните мрежи. На снимката се гледа како маж извлекува бебе покриено со прашина од урнатините.


„Кога пристигна во понеделникот, таа беше во лоша форма, со модринки, имаше ниска температура и имаше проблеми со дишењето“, рече Хани Маруф, педијатар кој се грижи за неа во болницата во Африн, каде што беше донесена од далечен роднина.

Директорот на болницата Калид Атијах вели дека добил десетици повици од луѓе ширум светот кои сакаат да ја посвојат Аја.

Но, Атијах, која има четиримесечна ќерка, вели дека сè уште нема да дозволи некој да ја посвои.

„Додека не се појави нејзиното пошироко семејство, јас ќе ја гледам и чувам како своето дете“, рече докторот.

Во моментов, неговата сопруга го дои бебето Аја заедно со нивната ќерка.

Во родниот град на Аја, Џиндаџирис, луѓето сѐ уште трагаат под урнатините по своите најблиски.

„Ситуацијата е катастрофална. Толку многу луѓе се под урнатините. Сѐ уште има такви кои не се извлечени“, изјави еден новинар за Би-Би-Си.

Според неговите проценки, уништени се 90 отсто од градот, а најголем дел од помошта доаѓа од локалното население.


Фото: Твитер screenshot


Од урнатините во рацете на таткото: Спасено бебе по 55 часа во епицентарот на земјотресот (ВИДЕО)