Ова е бебето родено во стрaотниот земјотрес: Во инкубатор е, има модрици, но е стабилно (ФОТО)

ФОТО: Инстаграм screenshot

Бебето уште било врзано за папочната врвца

Силниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија предизвика многу разурнувања како и голем број жртви. Сепак, во смртоносниот земјотрес, животот го најде својот пат. Додека зградите се уриваа како кули од карти, се роди мало девојче кое им пркоси на катастрофата и пеколот што се ширеше околу неа.

Новороденчето било пронајдено под урнатините во Сирија, а за неговата мајка Афра Абу Хади сѐ уште било врзано за папочната врвца, која била пронајдена мртва, како што рекле роднините и лекарот.



Бебето е единствениот преживеан член од семејството, додека сите други загинаа кога се урнала зградата во земјотресот во градот Џиндерис, недалеку од границата со Турција, изјави за АП роднината Рамадан Слејман.

Спасувачите го пронашле бебето во понеделникот попладне, повеќе од 10 часа по земјотресот. Соседката ја пресекла папочната врвца и таа и другите веднаш го однеле бебето во детска болница во блискиот град Африн.

Татко го гушка мртвото бебе: Најпотресните сцени од Турција кои го обиколија светот (ВИДЕО-Вознемирувачка содржина)


Бебето моментално е во инкубатор, изјави докторката Хани Маруф, а нејзините фотографии од болницата беа објавени вчера.

Кога била откриена телесната температура на бебето била под 35 степени. Со оглед на тоа, докторот претпоставува дека таа е родена три часа пред да биде пронајдена.

Има модринки по целото тело, вклучително и голема на грбот, но е во стабилна состојба, изјавил докторот.