Татко го гушка мртвото бебе: Најпотресните сцени од Турција кои го обиколија светот (ВИДЕО-Вознемирувачка содржина)
Вознемирувачка содржина
„И камен би заплакал“, „Господ да ги заштити“, „Ова се сцени на ужас“, „Природата ни возвраќа затоа што сме лоши со неа“, „Ама деца, ова е ужас!“.
Стотици луѓе загинаа во земјотресот од 7,4 степени што ја погоди пограничната област на Сирија и Турција. Дел од жителите сѐ уште се под урнатините, но видеата кои го „скршија“ цел свет се оние на кои беа извлечени најмалите.
Спасувачките служби френетично бараат преживеани под купишта метал и бетон во градовите низ Турција и Сирија. Зимските услови се тешки во опустошената земја. Луѓето се надвор на студ и ги загубија своите домови. На урнатините беа забележани цивили како со голи раце извлекуваат заробени деца.
- Не спиј, разговарај со мене, ќе ти купам чоколадо - еден од спасувачите на секој начин се обидувал да го држи момчето будно под урнатините за да може што полесно да го извлече на површината.
„И камен би заплакал“, „Господ да ги заштити“, „Ова се сцени на ужас“, „Природата ни возвраќа затоа што сме лоши со неа“, „Ама деца, ова е ужас!“.
don't sleep, talk to us, and I will buy you chocolate”
— SUBHASH CHARAN (@Gadhwara27) February 6, 2023
Turkish rescuer trying to save a kid from the derbies of a bulding#Turkey #earthquake #PrayForTurkey #Syria #syriaearthquake pic.twitter.com/XBY2ienVqQ
Додека жителите на загрозените територии и спасувачите се борат да спасат што повеќе луѓе и деца, околу 500 луѓе во селото Ордекдед се заробени под урнатините и се сомнева дека нема помош за нив.
+18 SENSITIVE CONTENT #LAST MINUTE
— Bin Talks (@Bin_Talks) February 6, 2023
Police under the Special Operations Directorate in Malatya Center are saving a family#Turkey #PrayForTurkey #deprem #Turkiye # pic.twitter.com/pJSsdFqH7E
Исто така во Хатај спасено е бебе, но нејзиното семејство останало заробено под зградата во која живееле.
Ahmed, a displaced child, was rescued from the ruins of his home in the village of Qatma, north of #Aleppo, #Syria. The family's house was destroyed by today's devastating #earthquaketurkey #Turkey #PrayForTurkey #deprem #Turkiye pic.twitter.com/OLyjnKZ4qQ
— SUBHASH CHARAN (@Gadhwara27) February 6, 2023
Видеа од ужасот што го остави зад себе земјотресот го обиколија светот. Земјата не се смирува. Од час во час се случуваат нови земјотреси.
Бебето било спасено од сигурна смрт, но со тешки повреди. Имено, детето останало без двете раце.
Една камера снимила грозоморно видео како детето плаче и моли за помош. На видеото се гледа дете заглавено во урнатините на горниот кат од куќата, кое практично виси наопаку од ѕидот.
#Turkey kid traped in debris pic.twitter.com/7x1c1KDQXe
— (@BoB_can_BUILD) February 6, 2023
Дека ситуацијата е драматична се виде и во Адана, каде е снимено куче како ги бара сопствениците под урнатините.
Татко плаче по мртво дете
Трагичен крај на потрагата по дете во Сирија. Спасувачите донеле мртво бебе завиткано во ќебе. Таткото го зема, проследено со плачење и немоќта на овој родител да промени нешто.
- Какво морничаво утро во Сирија. Особено кога ќе видите ваква снимка - коментира извесен Али на Твитер.
Руската новинска агенција РИА Новости пренесува дека ЕУ испратила спасувачки тимови во Турција како одговор на барањето на Анкара да го активира Механизмот за заштита на цивили на европскиот блок.
Сите училишта во Турција ќе бидат затворени една недела
Сите училишта во Турција ќе бидат затворени една недела по разорните земјотреси што ја погодија земјата, соопшти турскиот министер за образование Махмут Озер.
Претходно денеска потпретседателот на Турција изјави дека училиштата во десет градови и провинции во Турција ќе бидат затворени една недела.
Двајца студенти од Македонија се повредени
Министерството за надворешни работи на Македонија соопшти дека двајца македонски студенти, кои престојуваат во таа земја преку програмата на ЕУ „Еразмус плус“, се повредени во земјотресот во Турција.
Во соопштението се наведува дека дипломатски претставници на Македонија се во контакт со девет македонски државјани кои се наоѓаат во регионот погоден од земјотресот, и тоа осум ученици и нивниот наставник.
- Од земјотресот двајца ученици се здобија со физички повреди: едниот ученик е со тешки телесни повреди - скршеница која во моментов ја санира медицинскиот персонал, додека другиот ученик е полесно повреден. Ниту еден од учениците, како и менторот не се во животна опасност - соопштија од Министерството за надворешни работи на Македонија.
ВИДЕО: Твитер