Бекамови пристигнаа на одмор во Хрватска: Уживаат и слават во луксузен комплекс, а за секого имаат само едно барање!
Дејвид и Викторија Бекам летуваат во Хрватска
Пензионираниот фудбалер Дејвид и неговата сопруга Викторија Бекам пристигнаа на одмор во Хрватска и, како што пишуваат хрватските медиуми, моментално престојуваат во нивниот крај, каде ја прославија 23-годишнината од бракот, како и роденденот на нивната ќерка Харпер, која исто така отпатува со нив.
Познатите сопружници со престојот во убавата Хрватска се пофалија и на социјалните мрежи, па на Инстаграм објавија и фотографија од роденденската прослава.
„Среќен роденден Харпер!!“, напиша Дејвид покрај фотографијата направена во еден од рестораните.
Се пишува дека Бекамови се наоѓаат на островот Лопуд и се одмараат во луксузен комплекс пред кој има и членови на нивното обезбедување, а посетиле и ресторан во Шипан, и побарале да не ги фотографираат.
Луксузниот комплекс во кој престојуваат се наоѓа во поранешниот францискански манастир, кој го реновира грофицата Франческа фон Хабсбург и го претвори во музеј со елегантен бутик хотел и духовно светилиште од 21-ви век, заедно со црква, камбанарија и романескен манастир, а во рамките на комплексот е и градината Св. Цена. Изнајмување на овој луксузен комплекс дневно е десет илјади евра за десет лица, а цената на едно ноќевање е околу 1400 евра.
Пред Лопуд уживаа во Венеција каде папараците ги снимија за време на возење со гондола. На фотографиите парот изгледа позаљубено и посреќно од било кога, но нивниот брак не бил секогаш розов.
Во април 2004-та година, поранешната асистентка на фудбалерот Ребека Лос откри за таблоидот „News of the World“ дека имала афера со него. Само една недела подоцна се огласи австралиската манекенка Сара Марбек која тврди дека двапати спиела со Дејвид. Тој го негираше сето тоа, а Викторија тогаш наводно за малку ќе го оставила.
Денеска сето тоа стои зад нив и веќе подолго време нема гласини за проблеми во нивниот брак, а парот е особено горд на своите деца, синовите Круз, Бруклин и Ромео и ќерката Харпер Севен.
Извор: dnevnik.hr