Ни велеа дека нема да траеме, а денес славиме 23-годишнина од брак: Викторија и Дејвид Бекам имаат љубов која не згаснува
Бекамови прославија 23 години брак во Париз - градот на љубовта.
Пред повеќе од две децении, најпопуларниот пар тогаш и сега, го кажа судбоносното „I do“, а церемонијата што ја организираа беше толку романтична и луксузна што не е лесно да се надмине.
Модната дизајнерка Викторија и поранешниот фудбалер Дејвид Бекам вчера прославија 23 години брак, а и двајцата јавно си ја честитаа годишнината.
„Велат дека тој не е духовит, велат јас никогаш не се насмевнувам, ни велеа дека нема да траеме“, напиша Викторија на Инстаграм со фотографија на која позира со сопругот.
- Денеска славиме 23 години брак. Дејвид, ти си моето сè, те сакам многу.
Спортистот, пак, сподели видео од емисијата „The Ali G Show“, во која на почетокот на нивната љубов гостуваа неговата сопруга и тој. Саша Барон Коен го праша тогаш Дејвид дали е фан на групата „Спајс грлс“ во која беше дел и Викторија, на што тој одговори дека не бил обожавател на групата, но бил нејзин обожавател.
- Пред 23 години, Пош стана госпоѓа Бекам, но таа секогаш ќе биде Пош. Среќна годишнина, леле, 23 години и четири прекрасни деца. Те сакам, те сакаме – напиша во описот на видеото.
Бекам сподели и неколку стари фотографии на кои тој и неговата сопруга имаат усогласени и по малку комични комбинации.
А 23-годишнината од брак ја прославија во Париз.Дејвид и Викторија станаа сопружници на 4 јули 1999 година, а медиумите со нетрпение го следеа секој детал поврзан со раскошната венчавка.
Секако, од жена која е позната како Пош („отмена“), не би се очекувало ништо помалку од ненадминат луксуз!
Двојката рече „да“ во замокот Лутерстаун, во близина на Даблин, а церемонијата, и покрај целиот гламур, беше многу интимна: присуствуваа само 29 од нивните најблиски луѓе - семејството и пријателите.
По свечениот дел се одржа прослава на која Бекамови беа домаќини на 230 гости, меѓу кои и многу светски ѕвезди, а првиот танц беше многу романтичен и се одржа со песната „It Had To Be You“ од 1924 година.
Што се однесува до стилот, тој мораше да биде ненадминат, а венчаницата на Викторија и понатаму е една од најубавите што сме ја виделе во светот на познатите.
Таа се одлучи за класичен модел кој потсетува на фустани за принцези од бајките, па затоа избра модел на кралицата на модата за свадби Вера Ванг.
Тоа е свилена балска тоалета со аголен корсет, а сето тоа го заокружи - како што прават принцезите - со дијадема од 18-каратно злато!
Дејвид носеше класичен бел костум, а во оваа боја беше и нивниот прв син - Бруклин, кој спиеше во поголемиот дел од церемонијата и прославата.