Секој би посакал ваква љубовна порака: Дејвид Бекам на најпрекрасен начин ѝ го честиташе роденденот на Викторија
Поранешниот фудбалер ѝ се обрати на сопругата со најпрекрасните зборови за нејзиниот роденден.
Викторија Бекам наполни 48 години.
А Калифорнија моментално е дестинација каде таа се одмара по големата прослава, односно свадбата на синот Бруклин Бекам, па фокусот сега е на неа и нејзиниот роденден.
- Среќен роденден на најневеројатната жена, мајка и деловна жена. Ти посакувам најдобар ден затоа што го заслужуваш. Сите те сакаме многу – напиша Дејвид Бекам под фотографијата на која тој и неговата сопруга Викторија Бекам се прегрнати.
Харпер пак, најмалото дете на Викторија и Дејвид, ѝ ја прочита пораката која ѝ ја напишала на мајка си за роденденот, додека Викторија ја снимаше.
Викторија на Инстаграм исто така си го честиташе себеси роденденот со фотка од детството.
Повеќе фотки од роденденските честитки за Викторија:
фото:instagram