БЕЛИ ПЛАЖИ, ШАРМАНТНИ МЕСТА: Топ дестинации каде да патувате оваа пролет
Кога пролетта „ги промени“ познатите дворови, улици и паркови и ги обои со нијанси на зелена, изгледа како да се наоѓате во друга земја.
Но, ако сакате драматична промена на сценографијата, можете да одите некаде на викенд во близина или далеку во странство. Доколку оваа пролет планирате некое патување, за вас имаме неколку предлози.
Корзика, Франција
Постои се за добар одмор: одлични хотели, ресторани обележани со ѕвезда Мишелин и сите видови активности на вода. За да ги избегнете летните гужви, најдобро е да го посетите ова место во текот на мај, почеток на јуни или во септември. Во пролетта Корзика е посебно тивка и шармантна.
Есаора, Мароко
Овој град на брегот на Атлантикот долго бил омилено место за сурфери, а денес е подготвен да ги прифати сите. На плажите во овој град некогаш уживаа и Џими Хендерикс и Боб Марли, а сега секоја година во јуни се одржува музички фестивал. Туристичките занимливости вклучуваат истражување на тесни градски улици во кои се наоѓаат куќи обоени во жар бои.
Лисабон, Португалија
На бреговите на реката Тагус, главниот град на Португалија може да понуди многу музеи и галерии, еклектични архитектонски стилови и пријателска атмосфера. И се ова во освежувачката прегратка на Атланскиот океан. На пролет деновите овде се пријатно топли, а ноќите ладни.
Мајорка, Шпанија
Во последните години, Мајорка стекнала гламурозен „напад“: отворени се хотели со пет ѕвезди и интересни ресторани . Прекрасен остров со бели песочни плажи во заробеништво на високи планини станува едно од најубавите места за одмор на Медитеранот.