Бен со една реченица ја понижи поранешната сопруга пред светот: Како реагираше таа на веста за веридбата со Џеј Ло

Светот со денови зборуваше за веридбата на Бен Афлек и Џеј Ло, а многумина се прашуваа како ќе реагира на оваа вест поранешната сопруга на актерот...

Веста за веридбата на Џенифер Лопез и Бен Афлек се рашири со брзина на светлината и од неа многумина беа изненадени. И додека на многумина им е смешна реакцијата на Алекс Родригез, поранешниот вереник на пејачката и актерка, од оваа вест не се изненади премногу Џенифер Гарнер, поранешната сопруга на Бен.

Извор близок на поранешната двојка за „E!“ откри дека Џенифер на идните сопружници им посакува среќа, а дека актерот, со кој има три деца, ќе клекне знаела неколку дена порано.

„Бен им кажа на Џен и децата, така што тие знаеја. Таа е среќна поради Бен и знае дека Џеј Ло на некој начин добро влиаје на него“ - откри изворот.

Убаво е тоа што Гарнер ја поддржува новата љубов на поранешниот сопруг, меѓутоа нивниот развод ѝ остави горчлив вкус во устата, а со една изјава Бен ја понижи пред светот.

Во брак беа од 2005 до 2018 година, а Џенифер Гарнер со години напорно работеше на тоа да му биде поддршка во одвикнувањето од алкохолот, но Бен ја обвини за алкохолизмот за време на нивниот брак. Подоцна тврдеше дека сѐ е извлечено од контекст, но неговите зборови тешко дека можеа да се сфатат на некој друг начин.

„Дефинитивно и понатаму би пиел доколку останев во брак. Таа е една од причините затоа што почнав да пијам... сѐ заради тоа што се чувствував заробено“ - кажа Афлек кон крајот на минатата година и го шокираше светот.

Џенифер денес е среќна што Бен е среќен повеќе од било кога.

„Таа само го сака она што е најдобро за нивните деца и сѐ да се развива беспрекорно и без проблеми. Сака сите да бидат среќни и здрави, а децата ѝ се секогаш приоритет“ - откри извор близок на поранешната двојка, откако Бен ја започна врската со Лопез.

фото: Принтскрин / Инстаграм