Беше една од најубавите манекенки, но и кума на Јелена Карлеуша: Се повлече од јавноста, а денес е поубава од порано
Манекенката која ја венчаше пејачката...
Ивана Кукриќ, една од најубавите и најуспешните српски манекенки, покрај својата кариера позната е и како кума на Јелена Карлеуша.
Во младоста таа била најдобра другарка на пејачката, на која ѝ била кума на венчавката со Бојан Кариќ во септември 2004 година.
Тие двете израснале заедно, за што зборуваа порано, а некогаш биле и многу блиски.
Подоцна нивните односи се заладиле, но ниту една од нив не проговори на оваа тема. Така Ивана не беше повикана на втората свадба на Јелена, со Душко Тошиќ. Тие двете сега не се следат ниту на социјалните мрежи.
Убавата манекенка имавме можност да ја гледаме во спотот за песната „Злочин и казна“ на Здравко Чолиќ.
Ивана веќе долг време не се експонира во јавноста, но и понатаму е преубава, а во 2018 година се оствари и во улогата на мајка и на свет донесе прекрасно девојче.
Еве како таа изгледа денес:
Инаку, Ивана со години важеше за една од науспешните српски манекенки во светот. Со мода започна да се занимава на 17 години. Долги години живее во Америка, на релација Њујорк - Лос Анџелес.
Работеше за најпознатите модни креатори и брендови, како „Армани“ и „Валентино“, а се појави и во многу светски магазини. Во реклама за маскара од познат бренд ги „позајми“ очите на познатата актерка Хали Бери.