Беше голема ѕвезда, денес е непрepознатлив: Облеката му „виси“ - Џастин Бибер изгледа запуштено
Папараците го „уловија“ пејачот Џастин
Бибер во Лос Анџелес без неговата бремена сопруга Хејли
Некогаш големата ѕвезда Џастин Бибер најмногу предизвикува загриженост кај обожавателите со своето однесување и изглед. Така беше и овој пат, кога се појави целосно непрепознатливо.
Пејачот Џастин Бибер изгледаше непрепознатливо кога папараците го фатија на еден ден во Лос Анџелес без неговата бремена сопруга Хејли.
Со потпорасната брада и капа на главата, на насобраните им ги покажа своите боксерки кои беа целосно видливи бидејќи фармерките му беа спуштени под колена. Имаше црни очила на лицето, а во раката држеше лименка енергетски пијалок.
Во луксузниот хотел во кој престојувал не му се придружила бремената сопруга Хејли која наскоро треба да го роди нивното прво дете.
Бибер претходно покажа колку е трогнат кога објави фотографии на кои плаче, а дури тогаш фановите се прашуваа дали можеби му треба стручна помош. Хејли и Бибер се во брак од 2018 година.
Фото: Инстаграм/Youtube - screenshoot