Беше хит во 90-тите, а сега најскап додаток за коса чија цена достигнува и до 150 евра

Добивај вести на Viber

Во модата постојано има камбек на стари трендови, како за облека, така и за аксесоари.

Сепак, тоа што се враќа на голема врата периодов, се големите стегачи за коса, кои најмногу ги промовира модниот бренд Баленсијага, а чија цена достигнува до 150 евра.


Во текот на 90-тите години, овој модел на стеган на коса го користеа голем број славни личности, а сега познатите го купуваат во впечатливи бои, кои даваат дополнителен ефект на целиот изглед. 


Кај нас овој додаток за коса може да се најде во многу поефтина варијанта, но тоа не го менува фактот дека модните куќи заработуваат вистинско мало богатство од промовирање на тренд, кој очигледно ќе има свој камбек престојниот период.