Беше мајка на две деца: Неофицијално, Беличанец се самоубила

Добивај вести на Viber

Актерката Билјана Беличанец била пронајдена мртва во бањата на својот стан, потврдија од МВР за порталот Сакам да кажам, објави смарт.сдк.мк 

Според неофицијални информации, актерката се самоубила со бесење, а од МВР денеска официјално ќе ги објават причините за смртта. 

Беличанец е родена на на 25 јули во 1973 година во Скопје. Во 1994 година дипломирала како најмлад актер на Факултетот за драмски уметности. Истата година се вработува во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, каде претежно игра главни улоги за кои подоцна добива награди и признанија. Во 1997 година се вработува во Драмскиот театар. 

Има реализирано бројни главни и споредни улоги во повеќе театарски проекти во Драмскиот театар и други инстутуции.

Во 2009 ја доби наградата на фестивалот “Војдан Чернодрински” за главна женска улога во „Кинегонда во Карланенд“ а во 2012 за улогата во „Генетика на кучињата“.

Позната беше и со синхронизација на турски серии.

Таа беше поранешна градоначалничка на скопската општина Кисела Вода од 2013 до 2017 година.  

Од претходниот брак, има две малолетни деца. Пред извесно време, таа се омажи битолскиот режисер Сашо Миленковски. 

Актерот Драган Спасов- Дац  со емотивна објава се прости од својата колешка, нарекувајќи ја Петар Пан.