Беше најпосакувана манекенка, козметичкиот зафат ја чинеше убавина: По 6 години, Евангелиста со новите фотки го покори Интернетот
Еден од најдобрите супермодели од 90-тите и жена која важеше за најголема муза на луксузните дизајнери, Линда Евангелиста ја краси насловната страница на септемвриското издание на британскиот „Вог“, со што го направи своето големо враќање на модната сцена по повеќегодишно пауза.
Поранешната ѕвезда на модната писта со години се криеше од јавноста, поради несаканите ефекти од таканаречената процедура CoolSculpting која тргна наопаку и остави трајни ефекти на нејзиното лице, но неодамна реши да ги остави остатоците од минатото зад себе и повторно да се обиде да го пронајде своето место во светот на моделите.
Прославената 57-годишна девојка минатиот месец беше дел од новата кампања на брендот Фенди, а сега позираше пред објективот на фотографот Стивен Мајзел за потребите на едиторијал во „Вог“. Линда уште еднаш докажа дека има манекенски способности, и дека сè уште ја краси неверојатна харизма и елеганција која едноставно блеска од самите фотографии.
Потсетуваме дека Линда минатата година откри дека не се појавувала во јавноста од 2016 година бидејќи техниката CoolSculpting на која била подложена ја оставила „непрепознатлива“ и „брутално изобличена“. Имено, таа сакала да ги намали мастите во пределот на вилицата и вратот, но наместо да се намалат, по оваа процедура масните клетки се зголемиле, што е една од ретките несакани ефекти на самата метода.
„Да знаев дека несаканите ефекти може да предизвикаат да ја загубам егзистенцијата и фактот дека ќе завршам толку депресивна што ќе се мразам себеси... немаше да ризикувам“, рече таа.
Зборувајќи за тоа како е сега, Линда искрено одговорила: „Дали сум ментално излечена? Апсолутно не. Но, благодарна сум за поддршката што ја добив од пријателите и од манекенската индустрија. Нема да ме видите во костим за капење, тоа е за сигурно. Ќе биде тешко да најдам работа со сето тоа на мене, без ретуширање или затегнување или извесна измама...“
Прославената манекенка еднаш откри дека со години не дозволувала никој да ја види и дека од дома излегувала само за да го шета кучето или да оди на училишните настани на нејзиниот син.
фото: профимедиаЏани Версаче и Карл Лагерфелд тврдеа дека Линда е нивната вечна муза, а во 1992 година беше прогласена за „светска манекенска ѕвезда“. Зад себе има повеќе од 700 насловни страници, а рамо до рамо со Кристи Тарлингтон, Наоми Кембел, Синди Крафорд и Кејт Мос ги напиша најбрилијантните страници на светското манекенство. Запаметена е нејзината легендарна изјава „дека не станува од кревет без 10.000 долари дневно“.фото: Инстаграм/Профимедиа
Светот се воодушевуваше на нејзината убавина, а пластичните операции ја унакажаа: Славната Евангелиста се враќа во модата како нова