Беше најубава меѓу српските жени и дублерка на Хали Бери: Поранешниот вереник ѝ го убија, а таа денес живее како божица далеку од Белград

Со години важеше за една од најубавите и најзгодните Србинки, а од ден на ден ги освојуваше модните писти. Ја викаа и српската Хали Бери.

Ивана Кукриќ беше една од најбараните и најпопуларните српски манекенки во 1990-тите. По успехот на модните писти во Србија, таа замина во Милано, а по неколку години потоа стигна до Америка и таму остана до ден денес.

Ивана, која беше кума на свадбата на Јелена Карлеуша кога се омажи за Бојан Кариќ,  подолго време беше во врска со Драгоје Тришиќ, кој беше убиен пред три години пред неговата зграда во Жарково. Ивана и Драгоје се верија, но нивната врска не опстана.

View this post on Instagram

A post shared by Ivana Kukric (@ivanakukric)



Ивана денес живее во Лос Анџелес со својот избраник, црногорскиот бизнисмен Иван Бајковиќ, кој никогаш не го претстави во јавноста.

Инаку, убавата манекенка се породи во ноември 2018 година, а парот ќерката ја крсти Хана.

View this post on Instagram

A post shared by Ivana Kukric (@ivanakukric)



- Кога се породив, ми требаа неколку месеци да одиграм нова улога и добро да се организирам. Мајчинството е нешто најпрекрасно, но и тешко, бидејќи одеднаш сѐ се врти околу тоа мало суштество - изјави Ивана Кукриќ.

фото: инстаграм