Беше успешна манекенка, а сега е најмоќната жена во фудбалот: Која е дамата која одби да биде снаа на кралицата Елизабета

Пред неколку дена, кога инвестициски фонд од Саудиска Арабија, предводен од принцот Мохамед бин Салман, ја презеде сопственоста на премиерлигашот „Њукасл Јунајтед“, името на Аманда Стивлеј (48), британска претприемачка е во фокусот на медиумите, таа помогна да дојде до продажбата на клубот и нејзината агенција „PCP Capital Partners“ ќе поседува 10 проценти од акциите на клубот. Сега Стивлеј дефинитивно е најмоќната жена во англискиот фудбал, а нејзината интересна животна приказна деновиве ги преплави светските медиуми.

Уште пред да дојде во Њукасл, Аманда „кокетираше“. Во 2009 година, таа му помогна на шеикот Мансур бин Зајед Ал Нахјан да го купи „Манчестер Сити“, а претходно беше дел од конзорциум кој сакаше да ја преземе сопственоста на Ливерпул.

Но, која е Аманда надвор од фудбалската приказна? Едно време, британските медиуми беа претежно окупирани од нејзината врска со принцот Ендрју, синот на британската кралица Елизабета. Двојката се запозна во 2001 година, тие беа во врска две години, а Стивлеј наводно ја одбила понудата за брак на принцот бидејќи не сакала да стане дел од кралското семејство. 

Познато е дека Стивлеј беше модел во нејзините помлади денови, а подоцна заплови во претприемачките води, па во 2000 година започна со „Q.ton“ - теретана, ресторан и конференциски центар - вредна повеќе од 10 милиони фунти.

Помалку убав дел од приказната лежи во фактот дека во 2013 година и била дијагностицирана Хантингтонова болест, невродегенеративно наследно нарушување во кое нервните клетки во мозокот умираат со текот на времето. Некои од симптомите се движења што не можете да ги контролирате и проблеми со говорот и движењето. Лекарите и рекле дека нејзината болест е во мирување, но и дека може да се активира од стрес. Но, Стивлеј нема намера да се откаже, таа зачекори во фудбалскиот свет со големи чекори и има намера да го направи Њукасл најмоќниот клуб во светот.


Фото: Профимедиа

Жените не го сакаат фудбалот, ама ги сакаат фудбалерите: Мирослав Пендароски, психолог и психотерапевт појаснува од каде потекнува ова глобално размислување