Бесплатни дерматолошки совети со Озон Голд и дерматолог прим. д-р Весна Матевска – Цифревска
Поголемата изложеност на сонце, зголемената температура, но и подолго време поминато надвор може да предизвика промени на кожата кои можат да имаат сериозни последици. За таа цел Ozone Gold во соработка со дерматолог прим. д-р Весна Матевска – Цифревска организираат бесплатни дерматолошки совети на веб страната www.ozone-gold.com. На едно место, можете да го поставите вашето прашање на кое прим. д-р Весна ќе ви даде дерматолошки совет, или пак можете да ги прочитате и одговорите и на другите прашања, се со цел да дознаете повеќе за третирање и заштита на вашата кожа.
„Неумерено, неконтролирано и повторувано изложување на дејство на сончеви зраци може да биде и штетно, особено за кожата која како орган е најмногу експонирана на дејството на истите, а зависи од нивната јачина, зачестеност и времетраење на изложувањето. Од посебно значење е едукацијата за третман на кожата, на лицето или телото, во летниот период, се со цел да се избегнат несаканите кожни промени. Здрава кожа е негувана и заштитена кожа.“ вели прим. д-р Весна Матевска – Цифревска.
Сонцето како “извор на животот” има корисновлијание врз човечкиот организам и неговото здравје доколку умерено се “консумира“. Познато е неговото учество во создавање на активен облик на витамин Д, зајакнување на имунолошкиот систем, антимикробно дејство, забрзување на метаболизмот и влијание врз менталното здравје и доброто расположение.
Токму најмалиот дел од сончевиот спектар (UV спектарот) е биолошки најактивен и најодговорен за акутните и хроничните оштетувања на кожата.
UVA зраците продираат подлабоко во кожата оштетувајки го нејзиниот среден дел (dermis). Одговорни се за пигментација и предвремено стареење на кожата.
UVB зраците се апсорбираат во најгорниот слој на кожата (epidermis) и се одговорни за акутниот одговор на кожата во форма на црвенило и изгореници при прекумерно изложување на сонце, кое води до дегенерација и стареење на кожата.
UVA и UVB зраците се една од причините за зголемување на ризикот од појава на карциноми на кожата.
UVC зраците ги апсорбира озонската обвивка и тие не доаѓаат до земјината површина.
Земјината воздушна обвивка запира повеќе од 95 % од UV зраците и затоа прашањето околу “озонските дупки” и загаденоста на воздухот не губи од својата актуелност.
Кожата на штетното дејство на UV зраците се спротивставува со задебелување на епидермалниот слој за да се апсорбираат што повеќе зраци и со генетски контролирано потемнување - пигментација во зависност од типот на кожата.
Со поголемата изложеност на сонце може да се добие ФОТОСТАРЕЕЊЕ, кое еoблик на предвремено стареење како резултат на акумулирано дејство на ефектите од прекумерно изложување на сонце, кое е различно од физиолошкото стареење на кожата. Се одликува со изразита сувост, длабоки брчки, орожнување на епидермот, пигментни промени и проширени крвни садови.Бидејќи промените кои се јавуваат при фотостареење не се изолирани и се надополнуваат со хронолошкото - физиолошко стареење, највидливи се на кожата на лицето и вратот.
Сончевата светлина го поттикнува создавањето на меланин кој делува како природна заштита бидејќи апсорбира широк распон на зраци од UV подрачјето. Резултат на тоа е природното потемнување на тенот. Прекумерното експонирање на кожата на сонце може да го поремети овој процес и да се јават неправилно обликувани пигментирани жаришта- хиперпигментаци. Ограничено и контролирано, особено директно изложување на сонце и редовна апликација и реапликација на средства со висок фактор на заштита е клучен фактор во борбата против нив.
1. чистење - миење со неагресивни средства за отстранување на нечистотиите, шминката, маснотиите и потта
2. тонирање – премачкување со тоник за освежување, хидрирање и враќање на природната pH на кожата
3. нега – нанесување на соодветен дневен, ноќен и препарат за околу очи со цел хидрирање, хранење и регенерација на кожата и/или додатоци против брчки во зависност од возраста и типот на кожата
4. заштита – нанесување на средства за UV заштитасо SPF фактор 50,па и повисок
Во поново време “младоликиот изглед” станува императив. Познавајќи ги штетните влијанија на сончевите зраци врз интегритетот и еластичноста на кожата нејзината заштита е од суштинско значење не само од естетски туку и од здравствен аспект. Иако голем број од дневните креми се со заштитен фактор околу од 15, во летните месеци тоа не е доволно за максимална заштита и затоа е неопходно обавезно да се користат средства со заштитен фактор од 50. Средствата треба да се реаплицираат на растојание од околу 2 часа, а не да се нанесат само еднаш.
Озон Голд и дерматолог прим. д-р Весна Матевска – Цифревска ве очекуваат на