Best Way Investment ги донира најновите Корона тестови

Добивај вести на Viber

Во време кога нашата земја и светот се наоѓаме пред најголемиот здравствен предизвик во поновата историја – пандемијата со корона вирусот и болеста „Ковид-19“, Best Way Investment како општествено-одговорна компанија обезбеди 5.300 тестови за утврдување на Ковид-19, во вкупна парична вредност од 3.095.730 денари (50 000 евра) за потребите на Министерството за здравство. Tестовите се  производство на Aмериканската компанија Abbott Molecular inc која е еден од пионерите на тоа поле во светот и се сметаат за чекор напред на свестката наука во борбата со коронавирусот.


Со овие тестови се очекува  пресврт во битката со корона вирусот, и преку нив може да се идентификуваат лицата кои стекнале имунитет на Ковид 19 и кои можат што поскоро да им се вратат на работните обврски со цел да спречат продлабочување на економската криза. Тестовите на Abbott Molecular исто така го идентификуваат присуството на корона вирусот со 100 % сензитивност на луѓето кои се заразени, како и на оние кои биле заразени, а кои имале благи или пак воопшто немале симптоми.  Овие тестови се новитет, најнапреди и се први кои пристигнуваат во нашата држава. До сега Америка, Англија, Израел и други земји порачаа повеќе од 30 мил парчиња од овој тест.

Во согласност со водечкото начело на брендот - „Создаваме трајни вредности“, преку овој потег Best Way Investment упатува порака дека не постои повисока вредност од здравјето и животот на граѓаните. Обезбедувајќи ги средствата за тестови со кои навремено ќе бидат детектирани потенцијални нови случаи на заразени со „Ковид-19“, го вградуваме и нашиот придонес во обезбедувањето и зачувувањето на јавното здравје, како на граѓаните, така и на здравствените работници кои се најизложени на вирусот.

Преку низата мерки и активности што ги преземавме како компанија, првенствено кон здравствената заштита на нашите вработени од самиот почеток на кризата, опсегот на совесното корпоративно работење сега го прошируваме на општествен терен. Длабоко сме убедени дека само со заеднички напори, колективна одговорност и бескомпромисна поддршка за здравствените институции, можеме да се избориме со овој сериозен здравствен предизвик што ни го донесе „Ковид-19“.