Bestie советува: Четири трикови за полесен менструален циклус

Кога поминувате низ „оние денови“ од месецот, сосем нормално е да
почувствувате невообичаени болки и непријатности во телото и во организмот. Ова
се случува бидејќи за време на овој период телото поминува низ големи хормонски
промени кои се уникатни и различни кај секоја жена. Но, тоа не значи дека мора
да се предадете на болката! Постојат неколку работи што може да ги направите за
да имате полесен и попријатен менструален циклус.
Моето име е Bestie и секогаш сум тука за да одговорам на твоите прашања поврзани со менструалното здравје. Денеска со тебе ќе споделам неколку лесни трикови кои ќе ти помогнат соодветно да се подготвиш и да се чувствуваш подобро во деновите кога „имаш добиено“.
Научи како работи твоето тело
Имај контрола над промените кои му се случуваат на твоето тело со тоа што ќе научиш како тоа работи. За почеток, обиди се да ги забележуваш деновите кога ти почнува периодот и запишувај колку време трае - ова ќе ти помогне да идентификуваш кога да го очекуваш следниот период и како да се подготвиш за него. Уште полесно е да водиш евиденција за циклусот преку некоја од многуте достапни мобилни апликации, како што прават милиони девојки ширум светот. Погледни ја и епизодата од поткастот на dm, посветена на менструалното здравје.Верувај ми, ќе научиш многу нови нешта!
Video: Епизода 2: Менструацијата не е избор
Најди време за добар сон
Одморот е клучен во деновите на менструалниот циклус, а добриот сон е незаменлив кога се работи за олеснување на болните симптоми и непријатностите. Затоа, особено во деновите од циклусот, најдете време за 7-8 часа квалитетен сон. Тоа ќе му помогне на телото да се опушти и да се регенерира, и ќе му даде енергија да се справи со предизвиците кои доаѓаат со хормонските промени.
Слушни ја мојата плејлиста
Никој не мора да ни го каже тоа, бидејќи и самите знаеме: Музиката закрепнува! Твојата Bestie разговараше со повеќе девојки од целата земја и ги праша каква музика сакаат да слушаат кога им треба утеха, а песните кои ги споделија најдоа свое место во „Менструалниот музички boost“ - нашата заедничка плејлиста на Spotify. Секогаш кога ќе ти притреба музика и добра мелодија, пушти си ја оваа плејлиста и добиј чувство дека ја имаш поддршката на секоја една жена на светот. Затоа што кога си пријателка на Bestie, нема да бидеш Никогаш повеќе сама.
Повеќе чај, а помалку кафе
Кафето ни е пријател во деновите кога сме мамурни, заморени и кога ни треба нова доза на енергија. Но, во деновите од циклусот, консумирањето на кафе предизвикува повеќе штета отколку добро. Кафето е природен антиоксидант кој е многу корисен во обичните денови, но неговите својства делуваат кон побрзо абсорбирање на течностите во организот, што може дополнително да ги „разлути“ грчевите. Наместо кафе, пијте повеќе зелен чај - кој ја содржи состојката Л-теанин, за која студиите покажуваат дека може да ви помогне да се чувствувате помирни и поопуштени и затоа се препорачува како здрав чај за менструални болки.
Овие совети се одлична почетна точка за да научиш како подобро и полесно да поминуваш низ „оние денови“... но ако болките продолжат и се бориш со болни симптоми подолго време, препорачувам да се консултираш со медицинско лице кое ќе ти даде стручно мислење.
Со љубов, твојата Bestie!
ПР објава