Бев полна со стравови, дел од мене се откина: Пејачката Јулија стана мотивациски тренер

Добивај вести на Viber

Пејачката и водителка Јулија Мациевска, која водеше неколку емисии и настапуваше главно на фолк-фестивали, стана мотивациски тренер. Сите што ја следат по социјалните мрежи знаат дека е и мотивациски тренер, „лајф коуч“, кој воспоставува невидливи а сепак силни врски со луѓето на кои им помага, пишува „7дена.мк“.

„ Мојот голем емотивен пад се случи кога мојата мајка ја напушти оваа димензија. Тоа беше болка која буквално ме скрши, зашто го загубив мојот најдобар пријател, мојата подршка и потпора. Дел од мене се откина, се случи толку брзо, што во мене имаше милион неодговорени прашања и еден куп несовладливи емоции на тага, болка, бес, лутина, самокритика, немоќ, која се зголемуваше од ден на ден и поради тоа мојата здравствена состојба многу се влоши. Бев преполна со стравови и постојано го молев Бога да не гледам болни ситуации и се што е лошо нека ми се случи мене, само другите сакани да ми бидат добри и на број. Велат, внимавајте што зборувате, оти може да ви се случи. И се случи, еден ден во таа длабока истоштеност и немоќ, едноставно се предадов. Мојата душа се одвои од телото и го започна своето патување кон светлината. Таму каде што е се безусловна и чиста љубов. Но, за тоа поопширно ќе читате во мојата книга, за која верувам дека на есен ќе биде во печат“, изјави Јулија. 

Целата приказна прочитајте ја на 7дена.мк