Без диети и гладување: Девет важни намирници за добра линија
Ригорозните диети, со тоа што донесуваат краткорочни резулатати, не се ниту малку здрави. Ако сакате помалку килограми, без гладување и без нарушување на здравјето, ова се вистинските намирници.
1.Јаболка
Идеална замена за слатки кога ве фати добро познатата желба за шеќер. Богата е до диетални влакна, кои ќе го подобрат варењето и ќе ја стабилизираат цревна флора.
Има диуретско влијание и ќе ве ослободи од вишокот на течности во телото.
2.Грејп
Пола грејпфрут кој ќе го изедете за доручек или пола час пред оброкот ќе ви помогне во чуството на ситост, а со самото тоа ќе спречите и предјадење.
Грејпфрутот е познат по богатството на витамин Ц и како силен активатор на метаболизмот кој поттикнува разградување на маснотии во телото.
3. Црн пипер
Благодарение на пиперината, активната состојка, црн бибер е високо на листата на храна кои го забрзуваат согорувањето на мастите тампони.
4. Цимет
Познат е како средство кое помага да се ублажи апетитот и да се продолжи чуството на ситост.
Го намалува нивото на шеќер во крвта па е погоден и за дијабетичари кои сакаат да ги изгубат вишокот килограми. Може да го користите во подготовка на чаеви и оброк.
5. Зелен чај
Со помош на зелен чај организмот брзо ги топи маснотиите, се ослободува од токсините и отпадните работи,а притоа го штити вашето срце и крвни вени.
6.Боровница
Вкусното овошје чии благодати се бројни. Боровницата има низок гликемиски индекс, а на посебен начин дејствува и врз обработката на шеќер за енергетски потреби на телото. Исто така, овие вкусни бобинки го намалуваат холестеролот во крвта.
7.Бадеми
Јаткаста намирница полна со протеини и влакна нека ви биде секогаш при рака ако сакате долго да бидете силни, без многу внесени калории. Докажано е дека ги топат маснотиите, во многу проблематично, абдоминално подрачје.
8. Чили - лута пиперка
Освен што го намалува апетитот, лутата пиперка која е задолжена за термогенеза - создавање на топлина во организмот.
Бара потрошувачка на додатни калории, што пак резултира со губење на масни наслаги, а при тоа, покажуваат студиите, стимулира целиот дигестивен систем и штити од чир на желудникот.
9. Спанаќ и зелен зеленчук
Зелен лиснат зеленчук е богат со витамини, меѓу кои се и А и Ц минералите, особено со железо и калциум и содржи малку калории. Чуството на ситост е исто така една од неговите предности, со тоа што помага кај варењето и излажувањето на токсините од организмот.