БЕЗ НИКАКВИ КОМОРБИДИТЕТИ, ВО ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА ПОЧИНА МЛАДО МОМЧЕ: 21-годишниот пациент бил примен во многу тешка состојба

Добивај вести на Viber

Утринава во Клиничката болница Тетово, од компликации на корона вирусоот почина млад пациент, информира за Фактор, координаторот на Ковид-центарот, д-р Гзим Нуредини. Вели дека 21-годишното момче нема историја на коморбидитети.

-Во моментов на болничко лекување во тетовскиот Ковид-центар се згрижени 123 пациенти, од кои 8 се вакцинирани само со една доза, а 7 пациенти имаат примено две дози од вакцината против Ковид-19. И последното деноноќие беше навистина тешко. Примивме 17 нови пациенти, сите се со коморбидитети, невакцинирани против корона вирусот. Амбулантски се прегледани 188 пациенти, но најповеќе загрижува фактот што во изминатите 24 часа ни починаа 6 пациенти, меѓу кои и едно 21-годишно дете, младо момче. Беше донесено во многу тешка состојба. Целиот лекарски тим беше ангажиран околу него. Бевме во постојана комуникација со колегите од Инфективната клиника во Скопје. Момчето беше постојано на кислородна поддршка,а последните два дена беше ставени и на неинвазивна вентилација, но за жал почина. Официјално, од неговата здравствена историја, нема никакви коморбидитети. Сите починати не се вакцинирани, вели за Фактор, д-р Нуредини.

Детали читајте на Фактор тука.