Без срам се соблече, и им ги покажа градите на папараците: Леонардо Ди Каприо и Виторија Серети уживаат во луксуз на крајбрежјето на Франција
На почетокот на летото, актерот уживаше во Италија со својата девојка и пријателите...
Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо ужива на луксузна јахта со својата девојка, манекенката Виторија Серети и пријателите во близина на југот на Франција, пишува Daily Mail. Сепак, она што го привлече вниманието на повеќето луѓе беше многу оскудниот костим за капење Серети кој беше речиси невидлив додека манекенката се соблече топлес.
Додека Серети се сончаше, Ди Каприо беше на мобилен, но и уживаше во бањањето. Актерот го покажа и своето тело, а на долниот дел од грбот се забележуваат траги од вендузи или барем потсетуваат на тоа. Тоа е третман во кој кожата се вшмукува со помош на чаша, керамика, бамбус или пластична чаша.
На почетокот на летото, Ди Каприо го покани својот најдобар пријател, актерот Тоби Мегваер, со кој заедно со својата девојка и пријателите уживаа во Италија на неговата јахта. Летово се шпекулираше дека Ди Каприо ја запросил Серети бидејќи манекенката носела прстен на левиот прст.
Ова е втор пат да се шпекулира за свршувачка на парот, иако првпат гласината беше демантирана. Инаку, јавноста почна да ги поврзува Ди Каприо и Серети минатиот август, а иако нивната врска беше доведена во прашање на почетокот на годината, но парот се уште е заедно.
Фото: InstagramИзвор: Jutarnji.hr