Бијонсе родила дете на 12 години, а родителите сокриле: Роднина откри сѐ

Пејачката Бијонсе Ноулс се најде во средиште на необична приказна. Имено, по „Мирор“, пејачката всушност е мајка на Соланж за која досега се веруваше дека е нејзина помала сестра. Како што тврдат изворите на странските медиуми, пејачката ја родила Соланж кога имала само 12 години, а нејзините родители ја растат како нејзина сестра.

Оваа бизарна приказна почна од вработен во семејството на Бијонсе, кој е со неа од нејзините четири години. Наводно роднина на популарната пејачка потврдила дека 32-годишната Соланж е ќерка на Бијонсе, а освен тоа, како што се тврди, пејачката е родена на 4-ти септември 1974-та година, а не 1981-ва година.

Сепак, можеби целата оваа приказна немаше да покрене толкава бура реакции ако 46-годишната Габриел Јунониј не изјави дека со Бијонсе се познаваат уште од тинејџерките деноци. Но ако Бијонсе е навистина родена во 1981-ва година, невозможно е во исто време да биле тинејџерки, бидејќи разликата меѓу нив би била девет години.