Биковиќ имал тешко детство: На неговото семејство сè му било одземено - тој денес се грижи за секој денар
Познатиот српски моментално е на одмор во Хрватска, а сега откри и како го поминува времето таму. Сепак, актерот одлучи и да проговори за детството, кое воопшто не му било лесно.
„Во секоја неволја треба да се пронајде добра страна, па така и јас ја искористив паузата предизвикана од пандемијата на коронавирус за конечно малку да се одморам. За жал, признавам дека сум работохолик“ - рече Милош за хрватското издание на магазинот „Глориа“ и додаде дека освен што чита книги и се дружи со пријателите, секојдневно оди во теретана барем еден час за да ја одржува својата линија. Сето тоа го прави поради започнувањето на снимањето на филмот „Јужни ветар 2: Забрзување“, каде ја игра улогата на криминалецот Петар Мараш, која ќе почне да се снима кога ќе му заврши одморот.
„Отпрвин ласка, но всушност е периферно. Изгледот е некаков украс, кој, како и сите останати украси е безначаен доколку зад него не се крие содржина“ - рече Биковиќ.
Како што раскажуваше, детството воопшто не му било лесно, поради војната, инфлацијата и сиромаштијата со семејството се селел низ целиот Белград. Затоа денес, како што наведува е внимателен со парите. Милош неодамна за тоа зборуваше и за руските медиуми.
„Од првиот голем хонорар на мајка ми и купив стан во Белград, а пред тоа од Русија и донесов крзнена капа, која многу и се допадна. На неа подароците не и се толку важни. Израснав на Карабурма, а често се селевме бидејќи немавме свој стан. Моето семејство некогаш беше многу богато, а по Втората светска војна поради национализацијата изгубивме сè. Татко ми беше директор на голема австриска компанија и заработуваше многу пари, но јас не го почувствував тој лесен живот. Мојот брат, да.“ - рече актерот неодамна во интервјуто за руското издание на магазинот „Esquire“.
Може да ве интересира:Милош Биковиќ откри дека е Македонец: Убавиот актер е од Берово